Android TV сега е со помали димензии на екранот! Ќе ги најдете сите предности на паметните ТВ опфатени во Tesla S605, достапни екрани со 32, 40 и 43 инчи.
Целото семејство ќе го сака овој телевизор со сертифициран оперативен систем Android TV 9 OS и разновидност на неверојатни можности!
Вашиoт телевизор доаѓа со лиценцирани интегрирани Netflix, Prime Video i YouTube апликации, целосно поддржани од Google . Изберете од над 4000 апликации на Google Play Store!
Тесла телевизорите се одликуваат со одличен агол на гледање,голем избор на димензии,внимателна изработка и современ дизајн кој се вклопува во секој простор.
Скоро секоја функција на овој телевизор може да се контролира со говорни команди. Покрај тоа, можете да се поврзете со Google Home, и да управувате со сите смарт уреди во вашиот дом со помош на еден далечински управувач.
Сертифицираниот оперативен систем на Андроид ТВ 9 овозможува непречена употреба со одлично време на одговор . Сега достапни и во 32, 40 i 43-инчни дијагонали.
Опции за поврзување,пребарување на канали,употреба на мени,напредни подеувања...Технологијата може да биде збунувачка,но на телевизорите Тесла подесувањата се едноставни и лесно разбирливи.
Заборавете на замор на очите или лош квалитет на слика - MPEG редукцијата го„чисти“ екранот, особено кога гледате содржина на ТВ со пониска оригинална резоуција.
Заплеткувањето преку жици и кабли е минато! Сега можете да го поврзете вашиот ТВ со други уреди со Bluetooth, како што се звучници, слушалки ,тастатура или игри.
Време е да уживате во кристално чист звук со функцијата Dolby virtual surround. Доживејте ја на вистински начин секоја напната сцена,динамична игра или музика што ве релаксира.
Дали знаевте дека игрите може да ги инсталирате директно на телевизор и да ги играте преку тастатурата за игри ,без потреба од дополнителна конзола?
Многу корисна карактеристика за заштита на децата ви овозможува да ја ограничите содржината достапна за вашето дете.
Телевизорите на Тесла се познати по квалитетни панели кои обезбедуваат широк агол на гледање,без црни и обоени пиксели.
Сега е лесно да се емитува содржина од омилените апликации на ТВ-екранот Тесла- како што се Netflix, Prime Video, Google Play, Youtube ili Google photos – сè додека го користите вашиот смарт уред. Исто важи и за сликите од вашиот компјутер!