Оставете го чистењето со правосмукалка на оние кои се буквално програмирани да го прават тоа! Со Тесла робот правосмукалката имате само две задачи: вклучете ја и опуштете се.
Сензорот на уредот му помага да ја научи формата на куќата и локацијата на пречките, со цел да ги чисти собите една по една и лесно да управува во комплексна средина.
Роботот ја калкулира најдобрата рута за најефикасно чистење: ги препознава пречките и лесно се води низ нив.
Во случај на прекин во чистењето (празна батерија или сл.), роботот се враќа на местото кадешто застанал и го продолжува чистењето од таму.
Во случај да сакате некоја соба или специфична област да биде изоставена од чистењето, може да ја користите оваа опција да ги селектирате местата кадешто не сакате роботот да оди.
Дури и ако не сте дома, може да изберете време на чистење кое ви одговара, користејќи ја оваа опција за закажување на чистње и оставете го роботот да ја заврши работата.
Моторот со високи перформанси константно генерира моќно вшмукување (до 3000 Pa) за ефикасно да ја отстрани нечистотијата од подовите.
Уредот може автоматски да го детектира килимот и да ја зголеми вшмукувачката моќ, прилагодувајќи се на различите материјали.
Роботот може автоматски да ги детектира собите во ќуката и да ги сортира независно, со што се олеснува чистењето на индивидуални соби.
Сликите на уредот се обезбедени само за илустративни цели и може да се разликуваат од вистинските уреди. Секогаш читајте го упатството за употреба и безбедносните информации пред да го користите уредот.