ПРИДОБИВКИ ОД ЗАГРЕВАЊЕТО НА ВАШИОТ ДОМ СО КЛИМА УРЕД ИНВЕРТЕР
Време на читање: 3 min 23.12.2019

ПРИДОБИВКИ ОД ЗАГРЕВАЊЕТО НА ВАШИОТ ДОМ СО КЛИМА УРЕД ИНВЕРТЕР

Со доаѓањето на постудените денови, топлината на нашите домови е сè за што можеме да помислиме. Проверете зошто ги препорачуваме клима уредите инвертер на Tesla.

Се верува дека клима уредите инвертери се едни од најефикасните производи кога станува збор за потрошувачката на енергија, затоа што тие користат помалку енергија – ако ја споредите топлината што ја произведуваат со другите електрични уреди за греење. На пример, 12 AC, троши 1,2 kW, но дава 3,5 kW при ладење или греење.

При загревање, сите клима уреди можат да функционираат правилно во временските услови до минус 5 степени Целзиусови. Меѓутоа, при купување клима уред наменет за греење – треба да изберете инвертер. Причината е едноставна: клима уредите инвертери можат да функционираат дури и кога надворешната температура достигнува минус 15 Целзиусови степени.

На овој начин, инверторот штеди енергија, во исто време не дозволувајќи значителни отстапувања од поставената температура.

Покрај тоа, технологијата на инверторот е направена така што функционирањето на компресорот се прилагодува на достигнатата температура. Отпрвин, работи со полн капацитет. Подоцна, додека се приближува до поставената температура, интензитетот на работа, потрошувачката и RPM се намалуваат, заштедувајќи значителна количина на енергија кога ќе се спореди со традиционалните клима уреди кои работат со полн капацитет цело време. На овој начин, инверторот штеди енергија, во исто време не дозволувајќи значителни отстапувања од поставената температура.

Клима уредите немаат електрични грејачи внатре, како што прават и останатите уреди за греење. Тие го користат ефектот на компримиран гас, што е една од причините за тие се прилично енергетски ефикасни.

Што се однесува до изборот на соодветен клима уред за одредена област, размислете за Вашите потреби:

  • колку простории сакате да загреете,
  • колкава е квадратната површина што треба да се загрее,
  • која е висината на таванот,
  • дали е просторијата на сончева страна,
  • на кој кат е грејната површина,
  • каква е изолацијата на просторијата,
  • колкав е бројот на лица што веројатно ќе поминат време во просторијата.

Изборот да се купи клима уред инвертер, што првично ќе чини повеќе, освен поголеми можности и опции, ќе овозможи и помала потрошувачка на енергија. Како и кај сите електрични уреди, означената енергетска класа „А“ на клима уредот може да постигне значителна заштеда на потрошувачка. Секоја инвестиција направена за купување нов, подобар клима уред инвертер, се исплатува преку помала потрошувачка на енергија за време на загревањето.

Дури и становите до 60 квадратни метри површина можат да се загреат со помош на инвертер – најдобро да се користат два такви клима уреда, затоа што веројатно има повеќе простории за загревање. Два клима уреда со потрошувачка од по 300-450 kWh може да биде рационално решение дури и за најстудените денови.

Едно нешто никогаш не треба да заборавите: редовно да ги чистите филтрите наклима уредот. Чистите филтри силно влијаат врз неговото правилно функционирање.

Еве уште неколку предности на загревањето со клима уред:

  • Клима уредите се најевтиниот начин за загревање во споредба со другите електрични уреди за греење, гас, јаглен, дрва, централно градско греење и нафта;
  • Вие управувате со клима уредот со далечински управувач и исто така можете да го програмирате вклучувањето или исклучувањето;
  • Нема прашина од азбестен прав;
  • Не зафаќа многу простор во вашиот стан;
  • Почнува да грее веднаш откако ќе го вклучите – нема потреба да се загрева печката или да се акумулира енергија преку ноќ.

Побарајте инвертер на Tesla, и обезбедете топол дом и енергетско ефикасно греење за себе и за Вашите најблиски.

NEWSLETTER envelope-1px
back-to-top
На почетокот