Ќе ви требаат повеќе пуканки за неограничена забава! Tesla S903 ви нуди целосен Интернет и голем број на паметни функции на големиот фрејмлес екран.
Целото семејство ќе го сака овој телевизор со сертифициран оперативен систем Android TV 8 OS и разновидност на неверојатни можности!
Вашиoт телевизор доаѓа со лиценцирани интегрирани Netflix i YouTube апликации, целосно поддржани од Google . Изберете од над 4000 апликации на Google Play Store!
Телевизорите на Тесла се одликуваат со одличен агол на гледање, голем избор на димензии, внимателно дизајнирани и изработени, тие ќе се вклопат во секој ентериер.
Скоро секоја функција на овој телевизор може да се контролира со говорни команди. Покрај тоа, можете да се поврзете со Google Home, и да управувате со сите смарт уреди во вашиот дом со помош на еден далечински управувач.
HDR 10 е кратенка за висок динамичен опсег , современ видео стандард кој обезбедува подобра резолуција. Додава автентично искуство на гледачите, со повеќе бои и зачудувачка слика.
Опции за поврзување, пребарување на канали,употреба на мени, напредни подесувања...Технологијата може да биде збунувачка,но на телевизорите Тесла подесувањата се едноставни и лесно разбирливи.
Заборавете на замор на очите или лош квалитет на слика - MPEG редукцијата го„чисти“ екранот, особено кога гледате содржина на ТВ со пониска оригинална резоуција.
Заплеткувањето преку жици и кабли е минато! Сега можете да го поврзете вашиот ТВ со други уреди со Bluetooth, како што се звучници, слушалки ,тастатура или игри.
Време е да уживате во кристално чист звук со функцијата Dolby virtual surround. Доживејте ја на вистински начин секоја напната сцена,динамична игра или музика што ве релаксира.
Дали знаевте дека игрите може да ги инсталирате директно на телевизор и да ги играте преку тастатурата за игри ,без потреба од дополнителна конзола?
Многу корисна карактеристика за заштита на децата ви овозможува да ја ограничите содржината достапна за вашето дете.
Телевизорите на Тесла се познати по квалитетни панели кои обезбедуваат широк агол на гледање,без црни и обоени пиксели.
Сега е лесно да се емитува содржина од омилените апликации на ТВ-екранот Тесла- како што се Netflix, Google Play, Youtube ili Google photos – сè додека го користите вашиот смарт уред. Исто важи и за сликите од вашиот компјутер!
Ултра HD резолуцијата има повеќе пиксели на вашиот домашен телевизор од кога било! Со зачудувачки 8,3 милиони пиксели, ќе уживате во неверојатно живописен и беспрекорен квалитет на слика, како и поточна боја.