КАКО ПРАВИЛНО ДА ГИ ОДРЖУВАТЕ ЈОРГАНИТЕ
Време на читање: 2 min 12.11.2019

КАКО ПРАВИЛНО ДА ГИ ОДРЖУВАТЕ ЈОРГАНИТЕ

Редовното перење на јорганите е важно, затоа што на тој начин, освен што уживате во чистотата и мирисот, го продолжувате и нивниот век на траење. Не е потребно премногу често третирање на јорганите, но зимскиот период е идеален да ги освежите и да ги спремите за новата сезона. Се препорачува да ги одржувате јорганите така што ќе ги перете најмалку еднаш, а максимум 4 пати годишно.

Одржување на јоргани полнети со пердуви или волна

Тајната на добро испрани јоргани полнети со пердуви или волна е во дополнителното плакнење.

Имено, остатоците од детергент што остануваат на пердувите значително ја намалуваат неговата способност да се наполни со воздух и да останат лесни.

Машините за перење Тесла тие имаат можност за повторување на процесот на плакнење, со кој се обезбедува максимално испрани и чисти алишта, без траги од детергент.Од голема важност е никогаш да не ја преоптоварите машината  и да не додавате други работи за перење покрај јорганот, затоа што е битно тежината на јорганот да се распореди рамномерно за време на третманот во машината.

Процесот на перење треба да изгледа вака:

Ставте го само јорганот во машината за перење Тесла. Изберете циклус на перење за деликатни / нежни работи (или за перење на волнена облека) и додадете мала количина на детергент без ензими. Обичните детергенти содржат ензими кои ја уништуваат и ја намалуваат природните пердуви. Па затоа, бидете умерени со количината на детергентот кој го користите.
Исперете го јорганот во два циклуса како би биле сигурни дека целиот детергент се отстранил добро.
Исушете го јорганот на најниска температура во Тесла сушарата.Тоа може да потрае и неколку часа, но на тој начин ќе бидете сигурни дека јорганот добро се исушил.

Искористете го и овој трик: Iskoristite i ovaj trik: За полнењето да остане меко, во сушарата ставете тениска топка. На овој начин ќе спречите згрутчување на пердувите.

Одржување на јоргани со микро фибер влакна

За моделите на јоргани кои се полнети со микро фибер влакна важат слични правила, освен тоа што можете да користите регуларен детергент, но ни тогаш не претерувајте со количината. Можете да ги перете на 60 степени и да завршите со центрифугирање. На тој начин ќе бидете сигурни дека нечистотиите од јорганите се отстранети во целост.

NEWSLETTER envelope-1px
back-to-top
На почетокот