Правила и услови за користење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СО КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ ИНТЕРНЕТ САЈТ (ПОНАТАМУ НАРЕЧЕН “САЈТ”), ВИЕ ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБРАЛЕ И ПРИФАТИЛЕ ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ (ПОНАТАМУ НАРЕЧЕНИ “УСЛОВИ”) И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ОД ВАС СЕ БАРА ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ, КАКО И СИТЕ ДРУГИ ВАЖЕЧКИ ЗАКОНИ И ПРОПИСИ. АКО НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ, МОЛИМЕ НЕ ГО КОРИСТИТЕ ОВОЈ ИНТЕРНЕТ САЈТ. На Comtrade му е дозволено да ги измени овие Услови во секое време со користење на измени во овој текст. Треба да ја посетите оваа страница од време на време за да ги проверите ажурираните Услови, бидејќи сте законски обврзани со нив. Одредени одредби од овие Услови може да бидат надминати со експлицитно законодавство или најави нагласени на други страници на овој сајт.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ САЈТОТ

 

Сите материјали на сајтот се заштитени со авторски права или други права на интелектуална сопственост и секоја неовластена употреба може да биде прекршување на Законот за авторски права и сродни права, Законот за заштитен знак или други закони кои се однесуваат на правата на интелектуална сопственост. Не ви е дозволено да правите измени на содржината на овој сајт на било кој начин, ниту да репродуцирате или јавно да го прикажувате, изведувате, дистрибуирате или на друг начин да го користите за јавни или комерцијални цели. Освен ако не е поинаку наведено на овој сајт, целата содржина може да се гледа, копира, печати или симнува исклучиво за лична, некомерцијална употреба и само за информативни цели, под услов сите индикации за авторски права или други сопствени информации содржани во оригиналниот документ да се чуваат во сите копии. Не земајќи го во предвид горенаведеното, било кој софтвер или друг материјал достапен за симнување или употреба преку овој сајт кој има свои услови за користење или лиценцирање, е под заштита на тие услови. Ако прекршите некој од овие услови, вашата дозвола за користење на сајтот ќе биде откажана и ќе бидете обврзани веднаш да ги уништите сите преземени или испечатени содржини.

Освен ако не е експлицитно наведено поинаку тука или на друга страница на овој сајт, ништо не ви дава право да користите интелектуална сопственост која се наоѓа на овој сајт.

УПОТРЕБА НА СОФТВЕР

 

Ако преземете било кој софтвер од овој сајт (понатаму наречен “Софтвер”), тој може да се користи само во согласност со неговите услови за лиценца (“Договор за лиценца за софтвер”) кои го придружуваат. Не ви е дозволено да го преземате или инсталирате софтверот ако не го прочитате и не го прифатите договорот за лиценца за софтвер.

 

ИНФОРМАЦИИ

 

Сите материјали, повратни информации или други информации што ги давате на овој сајт или на Comtrade во врска со овој сајт (“Информации”) нема да се сметаат за доверливи или патентирани. Comtrade ќе биде ексклузивен и единствен сопственик на сите информации собрани на овој сајт или во врска со него. Comtrade нема обврски во однос на таквите информации и е слободен да ги користи без ограничувања, за било која цел (како што се употреба, репродукција, модификација, објавување, (ре)дистрибуција, јавно прикажување, итн.) и без наведување на изворот. Забрането е да се објавуваат или пренесуваат на Сајтот или од него, било какви незаконски, заканувачки, клеветнички, понижувачки, непристојни, порнографски или други материјали кои ги прекршуваат законите.

 

NEWSLETTER envelope-1px
back-to-top
На почетокот