ЦРНИТЕ И ЗАГЛАВЕНИ ПИКСЕЛИ СЕ МИНАТО
Време на читање: 3 min 31.10.2019

ЦРНИТЕ И ЗАГЛАВЕНИ ПИКСЕЛИ СЕ МИНАТО

Црните и заглавени пиксели се проблем кој постои уште од настанокот на првите компјутери. Сигурно барем еднаш Ви се има случено да го гледате омилениот филм или ТВ профрам и постојано да ве иритира една или повеќе точки на екранот кои не се менуваат и поместуваат. Каки на телевизискиот канал ова се случува и на екранот на телефонот или мониторот на компјутерот.

Која е разликата помеѓу црни и заглавени пиксели?

Црните ( т.н. “мртви” Пиксели) се оние кои се манифестираат на бела позадина, во црна боја се и тие се оние кои производителите ги сметаат за неисправни. Тие се трајни и не можат да се поправат. Од друга страна, заглавените пиксели може да бидат привремена состојба, кога пикселот ќе остане “заглавен” во некоја боја. Најчесто таквиот пиксел се гледа како зелен, црвен или син на темна позадина.

Зошто доаѓа до овие појави?

LCD (eng. Liquid-crystal display)е екран заснован на технологија на течни кристали.  . TFT LCD екранот се состои од одреден број на пиксели кои се поставени пред некој извор на светлина. Дисплејот на LCD-то работи така што  пренесува променлива количина на бело позадинско осветлување со постојан интензитет преку активниот филтер. Црвените, зелените и плавите елементи на пикселикте се добиваат со едноставно филтрирање на бела светлина.

Можно е една или повеќе ќелии на LCD-панелот да откажат. На пример, на мониторот од 1024 x 768 пиксели, има три ќелии за секој пиксел – една за црвена, зелена и сина боја – приближно до 2,4 милиони ќелии. Кога некои од нив ќе откажат, тие остануваат „заглавени“ или се исклучуваат, односно стануваат „црни“. Заглавениот пиксел е почест и е резултат на случајно краток спој на транзисторот, што резултира во тоа дека пикселот (црвен, зелен или син) постојано да се вклучува.

За жал, не е можно да се поправи оваа грешка по склопување на уредот. Неисправен транзистор може да се оневозможи со помош на ласер. Сепак, ова ќе создаде само црни точки кои ќе се појават на бела позадина.

Со текот на времето, развиени се различни формулации на течни кристални материјали за да се обезбеди постепено, но значително, подобрување на квалитетот на дисплејот.

Телевизорите на Тесла нудат решение

Благодариение на квалитетот на обработка и внимателно изработените компоненти, од сега можете да ја гледавте Вашата омилена ТВ програма во најдобро светло, без „детски болести“ од кои често страдаат производи од иста ценовна категорија.

Телевизорите Тесла  можат да се пофалат со квалитетот на изработка а панелот која  што спречи појава на црни или заглавени пиксели.

Телевизорите Тесла  можат да се пофалат со квалитетот на изработка а панелот која  што спречи појава на црни или заглавени пиксели . Освен тоа, Ви овозмоѓуваат широк агол на гледање и добра видливост од сите агли. Каде и да се наоѓате во собата лесно ќе можете да ги пратите Вашите омилени програми и секој детал да го доживеете наместо да го замислувате.

Со измазнета слика, кристално чист звук, лесно прилагодување, голем избор на дијагонали и дизајн кој се вклопува во кој било простор, Tелевизорите Тесла нудат најразноврсна забава која современите медиуми можат да Ви ја понудат и квалитет кој е за класа над цената.

NEWSLETTER envelope-1px
back-to-top
На почетокот