КАКО ДА ГО ПОСТАВИТЕ ТЕЛЕВИЗОРОТ ИДЕАЛНО
Време на читање: 2 min 24.02.2020

КАКО ДА ГО ПОСТАВИТЕ ТЕЛЕВИЗОРОТ ИДЕАЛНО

Иако квалитетните панели на телевизорите Тесла обезбедуваат добра видливост од сите агли, без оглед каде е поставен, ви откриваме неколку совети за тоа како да го поставите телевизорот на идеално место.

Освен фактот дека, претпоставувате, првиот совет е да го поставите телевизорот наспроти местото каде што ја гледате ТВ-програмата, важно е висината на телевизорот да биде на ниво на очите – помеѓу 90 и 115 см од подот.

Кога станува збор за идеално растојание на телевизорот, ќе најдете совети на табелата.

 

Телевизорите на Тесла се многу погодни за секоја опција за поставување што ќе ја изберете – на ѕидот , на полицата или во регал.

Покрај големината на екранот, кога станува збор за оддалеченост, важно е да се обрне внимание и на резолуцијата.  Телевизорите на Тесла, покрај соодветните димензии, имаат одлична резолуција, квалитетна слика и одличен звук.

Честа грешка што ја правиме е поставувањето на телевизорот близу прозорецот.

Одразот на светлината ќе ве мачи да ги гледате сликите и боите јасно, па затоа избегнувајте таков агол.

Ако сакате голем ТВ а вашиот стан е мал, ве советуваме да го поставите телевизорот на ѕидот, бидејќи полицата непотребно ќе заземе простор во вашиот дом. Покрај тоа, телевизорот закачен на ѕидот е функционален и кога станува збор за поголеми станови и полесно се вклопува во ентериерот.

Во случај на поставување на ТВ на ѕидот, можете да го опкружете со ѕидни полици по вкус, а потоа да ги декорирате со интересни детали, книги, украсни кутии, вазни, цвеќиња, слики … На тој начин ѕидот на кој е поставен телевизорот нема да биде монотон. Уште еден начин да го направите вашиот дом по ваша мерка, создаден за уживање и удобност, е да изберете бои на ѕидовите на кои ќе го поставите телевизорот. Ако Вашите ѕидови се во светла боја, можете еден дел да исфарбате во потемна нијанса и таму да го поставите телевизорот, така што ќе се вклопи со бојата на ѕидот.

На тој начин изгаснатиот телевизор е неупадлив, а кога е уклучен, боите и сликата уште почисто и поубаво влескаат.

Освен тоа, тапетите можат да послужат како интересна позадина за Вашиот нов телевизор. Тие внесуваат динамичност во ентериерот а во исто време и овозможуваат подобро вклопување на телевизорот во новата средина.

Доколку сепак сакате телевизорот да дојде до израз, тогаш треба полиците да бидат значително посветли од него, најдобро би било во бела боја или букова или боја на јасен.

Не е потребно многу за максимално уживање. Доволно е да го одберете вистинскиот ТЕСЛА уред по Ваш вкус и во согласност со Вашите можности.  (понудата погледнете ја  ОВДЕ), земете ги омилените грицки и удобно сместете се во Вашиот омилен агол.

Дополнителен совет:  Избегнувајте телевизори во спалната соба. Дневната соба нека Ви служи за слободното време а спалната исклучиво за одмор.

Сликите на уредот се обезбедени само за илустративни цели и може да се разликуваат од вистинските уреди. Секогаш читајте го упатството за употреба и безбедносните информации пред да го користите уредот.

NEWSLETTER envelope-1px
back-to-top
На почетокот