ОСУМ НЕВЕРОЈАТНО КОРИСНИ ИДЕИ ЗА УПОТРЕБА НА МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
Микробрановата печка главно се користи во домаќинствата за загревање храна. Меѓутоа, ако не сте ги чуле советуте кои следат, сигурно не сте го искористиле нејзиниот целосен потенцијал.
Омекнете го медот
Ако користите сад со топла вода во која сте натопиле тегла мед, веќе знаете дека ова е долг и досдаден процес. Всушност, најлесен начин е да ја ставите теглата мед во микробранова печка, а потоа да ја загреете на средна температура околу 50 секунди.
Исцедете повеќе сок од лимон
Ако ставите лимон во микробранова печка на 20 секунди, полесно ќе го исцедите и, се разбира, да добиете значително повеќе сок.
Проширете го животот на вашиот сунѓер во кујната
Потопете го замастениот кујнски сунѓер во мешавина од вода и оцет, а потоа ставете го во микробранова печка, која ќе ја поставите на висока температура 60 секунди. Ова ќе го исчисти и дезинфицира сунѓерот, кој сега е подготвен за понатамошна употреба.
Гответе класични јадења
Речиси секој рецепт што бара готвење може да се подготви во микробранова печка, само на побрз и поедноставен начин. Едноставно одземете три четвртини од времето потребно за класична подготовка и извадете ја храната две минути пред целосно да биде зготвена.
Подгответе вкусен компир
Измиените и исушени компири избодете ги на неколку места со вилушка. Oprane i osušene krompire izbodite viljuškom na nekoliko mestaПотоа, наредете ги во чинија, така што сите ќе бидат рамномерно изложени на зрачење, поставете ја микробрановата на 700W и оставете ги да се готват 11 до 15 минути.
Забрзајте го растот на тестото
Намалете го времето на чекање на само 15 минути. Тестото ставете го во голем сад и покријте го со пластика, а взадниот дел на микро брановата печка ставете чаша со вода . Потоа, ставете го тестото во центарот, поставете ја температурата на најниската можна вредност и загревајте го во ритам: 3 минути уклучено, 3 минути пауза, 3 минути уклучено, 6 минути пауза.
Згответе зеленчук
Да, совршено варен зеленчук е можно и без вода. Само наредете го зеленчукот во сад, покријте го со пластика и вклучете ја микробранова на највисока температура. Времетраењето на готвењето се движи од 30 секунди до 4 минути, во зависност од избраниот зеленчук.
Испечете јаткасти плодови и кокос
Доволно е да ги загреете јаткастите плодови или кокосот на висока температура околу 2-3 минути, повремено мешајќи.