Tesla.info | Tesla e oficijalen sponzor na Panathinaikos BC OPAP
ТЕСЛА Е ОФИЦИЈАЛЕН СПОНЗОР НА PANATHINAIKOS BC OPAP!
Време на читање: 2 min15.10.2020

ТЕСЛА Е ОФИЦИЈАЛЕН СПОНЗОР НА PANATHINAIKOS BC OPAP!

Ние ги здруживме силите со познатиот клуб.

Возбудлива вест за сите љубители на кошарката ! Горди сме што можеме да објавиме дека потпишавме едногодишен договор со кошаркарскиот клуб PANATHINAIKOS BC OPAP за сезоната 2020/2021, што го прави Тесла најновиот официјален спонзор на тимот!

Тесла сега се приклучува на друштвото на спонзори на клуб со извонредна историја и изобилство на неверојатни играчи во текот на сезоните. Основан во 1919 година, PANATHINAIKOS BC OPAP, меѓу другите натпреварувања, имаат освоено шест Европски шампионати – создавајќи извонредно наследство  и продолжуваат да чекорат по успехот со одличен тим.

Тоа е заедничката визија за воведување радост во секојдневниот живот што ги зближува PANATHINAIKOS BC OPAP и Тесла: горди сме што создаваме пријатна околина со високо квалитетно видео и аудио за сите љубители на спортот, како и дека сме дел од сите оние возбудливи и славени моменти.

Ќе Ве информираме за ова пријателство и ќе му посакаме среќа на тимот во претстојната сезона!

NEWSLETTER envelope-1px
back-to-top
На почетокот