Бидејки знаеме колку сакате да експериментирате во кујна, нашите висококвалитетни стакленокерамички плочи за готвење, се прилично отпорни на гребење.
Едноставно допрете ја иконата за да ја активирате опцијата Заклучување за деца и да ја оневозможите секоја следна команда. Плочката за готвење продолжува да работи според последната команда пред да се заклучи. Допир од три секунди е сè што е потребно за да се отклучи.
Со нашите плочи за готвење никогаш нема да заборавите на преостанатата топлина во зоните. Сигналниот индикатор останува запален се додека загреаните зони не се изладат.
Кога вградениот сензор за топлина регистрира многу високи температури, плочата за готвење автоматски се исклучува.
Бидете поефикасни! Нашите индукциски плочи за готвење рамномерно ја пренесуваат топлината на вашите садови за готвење. Во споредба со стандардните, Tesla индукциските плочи со турбо засилувачи можат да го намалат времето на готвење за 56% и потрошувачката на енергија за 43%.
Сликите на уредот се обезбедени само за илустративни цели и може да се разликуваат од вистинските уреди. Секогаш читајте го упатството за употреба и безбедносните информации пред да го користите уредот.