Smartphone 3.4 - Tesla

Тој е прв со Android Go систем. Не бидете последни.

Оптимизираните и растоварени Android Go апликации му овозможуваат на поволниот Tesla Smartphone 3.4 да ви пружи all-inclusive корисничко искуство. Ослободен од сите излишни елементи, Tesla Smartphone 3.4 ви остава и до 2 пати повеќе простор за слики, видео клипови и апликации, поефикасно го пребарува веб-от во споредба со уреди од иста ценовна класа, го олеснува споделувањето на содржини, рационално ја троши батеријата, оптимално ја користи работната меморија и штеди при користење на мобилни податоци,... Како прв на домашниот пазар со Android Go систем, Tesla Smartphone 3.4 дава многу повеќе отколку што бара, а особено кога е во прашање цената.

  • Android Go апликации
  • до 2 пати повеќе простор

Искористете ги
пријателските
Go апликации

Files Go ви помага побрзо да ги најдете фајловите, да ги споделувате offline и едноставно да ја ослободите меморијата.

Google Go ефикасно ги пребарува сајтовите, сликите, видео клиповите и gif-овите, штедејќи и до 40% капацитет на мобилните податоци, со 4G врска и што помалку “типкање”.

Assistant Go е подготвен да одговори на вашите прашања за времето, најблиските кафулиња, отстранување на дамки или популарни локации за одмор.

Gboard има сѐ што ќе засакате: брзина и сигурност, вовед со повлекување врз екранот, но и вградено Google пребарување директно од тастатурата. Истражете го Tesla Smartphone 3.4 и ќе најдете уште повеќе пријателски функции.

Комфорна пропорција, голем екран, контролирана потрошувачка, FM радио

Со пропорција од 18:9 Tesla Smartphone 3.4 удобно лежи во раката, а благодарејќи на потесните маргини доаѓа со екран од 5,5 инчи. Battery Saver копчето е тука кога сакате да ја намалите потрошувачката на енергија и до 30%, а опцијата Accelerate ги исклучува неактивните апликации и на тој начин ја растеретува работната меморија, што резултира со побрза работа на уредот. Android Go и MTK 6739 процесорот штедливо ја користат батеријата од 2.700mAh, а FM radio-то прави позитивна разлика во вашето расположение во текот на целиот ден.

  • HD+ 5.5” EKRAN
  • 2.700 mAh BATERIJA 
  • BATTERY SAVER
  • ACCELERATE SELECTED BUTTON

Вашата Dual камера:
добра слика и со
помалку пиксели

Малку уреди од истата ценовна категорија нудат dual камера. Двете задни камера опфаќаат повеќе простор во кадарот, а нивното содејство овозможува фокусирање на објект кој на сликата ќе го одберете како примарен, со истовремено заматување на позадината. Оваа технологија овозможува одлични слики и со помалку пиксели, а за вашите селфи фотографии се грижи предната камера која доаѓа со уште еден новитет - блиц.

Опуштете се со
нон-стоп заштита

Tesla Smartphone 3.4 ги нуди истите сигурносни функции како и поскапите Android телефони. Преинсталираната Google Play Protect ги чува вашите апликации дваесет и четири часа дневно и нон-стоп скенира и ги проверува сите инсталации без разлика од каде се преземени, дури и кога сте offline.

icon

Tехнички спецификации

icon

Упатство за kористење

icon

White Paper