Smartphone 3.3 - Tesla

Мала цена за голем екран

Можно е! И покрај мошне достапната цена, Tesla Smartphone 3.3 доаѓа со IPS екран од 5” кој ви пружа одличен преглед без разлика дали играте, гледате видео записи или сурфате на интернет. Со живи бои и јасни детали, сликата останува јасна и целосна дури и кога ја гледате под многу кос агол.

  • IPS екран од 5”

Со четири јадра имате нула проблеми.

четиријадрениот MediaTek MT6737 процесор овозможува краток одзив, глатко сурфање на интернет, побрзо преземање и полесна симултана работа со повеќе апликации, како и мошне удобно користење.

  • четиријадрениот MediaTek MT6737 процесор

Поврзете се поволно

4G технологијата ви го пружа најдоброто искуство на мобилниот интернет до сега. Без разлика дали сурфате, гледате видео содржини во висока резолуција, преземате апликации или играте игри, со 4G мрежата остварувате повисоки брзини на пренос, побрз пристап на интернет и подобра покриеност со сигнал.

Што ви пружа Android 7.0 Nougat?

Брзо префрлање помеѓу апликации и мошне лесна паралелна работа и преглед. Паметна батерија со економична контрола на потрошувачката. Сестрана персонализација, паметно заклучување, „Data Saver“ за рационална потрошувачка на податоци, подобрена безбедност, побрзо подигање на системот... А тоа дури и не е сѐ.

Можноста за избор ви е важна

Доколку сакате да заштедите на разни пакети или едноставно да ја сочувате приватноста, варијантата со две SIM картички е идеален избор за вас. А тука е и можноста за проширување на меморијата со SD картичка за поголем избор на музика, фотографии и сето тоа од кое не сакате да се раздвоите.

icon

Tехнички спецификации

icon

Упатство за kористење