Smartphone 3.3 Lite - Tesla

Кога селфито ќе заблеска

Камерата од 8 Mpix нема да ве изневери ни во услови на намалена видливост. Забележете и сочувајте ги важните, емотивни и забавни моменти, а снимајте и селфи слики со предната камера која има блиц, што е вистинска реткост во оваа ценовна категорија.

  1. 5 MPIX FRONT FLASH CAMERA

Мала цена за голем екран

Можно е! И покрај мошне достапната цена, Tesla Smartphone 3.3 Lite доаѓа со IPS екран од 5” кој ви пружа одличен преглед без разлика дали играте, гледате видео записи или сурфате по интернет. Со живи бои и јасни детали, сликата останува чиста и целосна дури и кога ја гледате под многу кос агол.

  • 5” IPS SCREEN    
  •     1280 X 720 PIX RESOLUTION

Елитен изглед на стакло и метал

Tesla Smartphone 3.3 Lite изгледа како далеку поскап уред како и да го свртите. Предната страна е целосно покриена со стакло, а позадината открива целосно метално куќиште. Освен што глатко работи и глатко изгледа, Tesla Smartphone 3.3 Lite нуди идеален спој на цена, дизајн и сѐ што може да понуди еден квалитетен телефон.

  • PREMIUM FEEL   
  •    METAL BODY

Со четири јадра имате нула проблеми

Четиријадрениот MediaTek 6580 процесор обезбедува краток одзив, глатко сурфање по интернет, побрзо преземање и полесна симултана работа со повеќе апликации, како и исклучително комфорно користење.

  • Четиријадрениот процесор

Можноста за избор ви е важна

Ако сакате да заштедите на разни пакети или едноставно да ја сочувате приватноста, варијантата со две SIM картички е идеален избор за вас. Но доколку не ви треба дополнителен број, наместо втора SIM картичка може да вметнете и дополнителна меморија за повеќе музика, фотографии и останати важни податоци.

  • DUAL SIM CARD
  • MICRO SD UP TO 32 GB

Што ви овозможува Android 7.0 Nougat?

Брзо префрлање помеѓу апликации, како и мошне лесна работа и преглед помеѓу истите. Паметна батерија со економична контрола на потрошувачката. Сестрана персонализација, паметно заклучување, „Data Saver“ за рационална потрошувачка на податоци, подобрена безбедност, побрзо подигање на системот... а тоа дури и не е сѐ.

  • DATA SAVER
  • CUSTOM QUICK SETTINGS
icon

Tехнички спецификации

icon

Упатство за kористење