ВНИМАНИЕ: ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ ИНТЕРНЕТ САЈТ ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБРАЛЕ И ПРИФАТИЛЕ ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ (ВО ПОНАТАМОШНИОТ ТЕКСТ “УСЛОВИ”) И СТЕ СОГЛАСНИ ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ, КАКО И СИТЕ ДРУГИ ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНИ И РЕГУЛАТИВИ. ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ, НЕ КОРИСТЕТЕ ГО ОВОЈ САЈТ. Comtrade има право да ги измени овие Услови во било кој момент преку измени во овој текст. Се препорачува да ја посетувате оваа страница од време на време за да проверите за ажурирани услови, бидејќи за истите сте законски врзани. Некои одредби од овие Услови може да бидат надвладеани со експлицитни законски членови или соопштувања истакнати на други страни од овој сајт.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ САЈТОТ

 

Севкупниот материјал на овој интернет сајт (во понатамошниот текст “Сајт”) е заштитен со авторски права и секое неовластено користење може да претставува кршење на Законот за авторски права или други закони од областа на интелектуална сопственост. Освен доколку е назначено на друго место на овој сајт, сета содржина може да ја прегледате, копирате, печатите или превзимате исклучиво за сопствена некомерцијална употреба и за информативни причини, под услов да ги задржите сите забелешки за авторски права или други сопственички информации кои се содржани во оригиналниот документ во сите копии. Не можете да ја менувате содржината на овој сајт на ниеден начин, ниту да го репродуцирате или јавно прикажувате, изведувате, дистрибуирате или на некој друг начин користите во јавни или комерцијални намени. Не зимајќи го во предвид претходно наведеното, било кој софтвер или други материјали достапни за превзимање или користење преку овој сајт кои поседуваат сопствени услови за користење или лиценцирање се наоѓаат под заштита на тие услови. Доколку прекршите некој од овие Услови, Вашата дозвола за користење на сајтот ќе биде повлечена и ќе бидете обврзани веднаш да ги уништите сите содржини кои сте ги превземале или печателе.

Освен доколку е експлицитно наведено на оваа или некоја друга страница на овој сајт, ништо од наведеното не ви дава право да користите било кој дел на интелектуална сопственост која сте ја сретнале на Сајтот.

 

КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ

 

Доколку превземете било кој софтвер од овој Сајт (во понатамошниот текст “Софтвер”), можете да го користите исклучиво за намената согласно условите на лиценцирање (“Спогодба за лиценцирање на софтверот”) кои следат со истиот. Не смеете да превзимате или инсталирате Софтвер пред да ја прочитате Спогодбата за лиценцирање на софтверот.

 

ИНФОРМАЦИИ

 

Сите материјали, повратни информации или други видови на информации кои ќе ги доставите на овој Сајт или на Comtrade во врска со овој Сајт (“Информации”) нема да се сметаат за доверливи или сопственички. Comtrade ќе биде единствен сопственик на сите информации собрани на Сајтот или во врска со него. Comtrade нема никакви обврски поврзани со тие информации и може слободно да ги користи без ограничување во било која намена (како што е користење, репродукција, модифицирање, објавување, (ре)дистрибуција, јавно прикажување итн.) и без наведување на изворот.



Забрането е поставување или пренесување на Сајтот или од него противзаконски, заканувачки, клеветнички, понижувачки, порнографски или други материјали кои кршат закони.