
13MP Sony IMX214 + камера која разубавува
Снимете неверојатни пејсажи со помош на различни модови, со драстично напреднат квалитет на фотографии и под услови на слабо осветлување, благодарејќи на Sony IMX 214 сензорот. За оние кои тежнеат кон совршенство, тука е и предната камера од 8MP со мод за разубавување на сликите. Само кликнете и вашите фотографии ќе бидат автоматски корегирани во реално време и во склад со правилата на фото-естетиката.
- F/2.0
- 5P lens
- Dual ISP
Импресивен 5.2” Full HD екран,
за читање и сончање
Резолуцијата од 1080p веќе е доволна за пласман во водечката лига, а благодарејќи на најновиот LTPS екран, Tesla Smartphone 9 лесно ја освојува титулата. Со неверојатно раскошни бои, Gorilla Glass заштита од гребење од 3-та генерација, MiraVision технологијата за автоматско подесување на контрастот и GFF Full Lamination решението за исклучителна видливост и на силно сонце, Tesla Smartphone 9 е идеален за читање, сончање и секако, уживање во импресивниот приказ.
- 1080p
- Gorilla Glass 3
- MiraVision



4G врска и Dual SIM
Со поддршка за 2G/3G/4G врска на двете SIM картички, кај Tesla Smartphone-от 9 нема прекини во комуникацијата. Лесно извршувајте ги приватните и професионални разговори со помош на интелигентната Dual SIM функција и деталните индивидуални подесувања.
- 2G 300 kbps
- 3G 3.6 Mbps
- 4G 150 Mbps
8 јадра во 64-битен ритам
Tesla Smartphone 9 го придвижува 64-битен MT6753 процесор со 8 јадра. CorePilot технологијата обезбедува беспрекорна изведба на мултимедијалните содржини кои побаруваат големи графички ресурси, додека во исто време одржува ефикасност на батеријата, како што и се очекува од врвен уред. И тоа не е сè, бидејќи Mali-T720 GPU поддршката обезбедува глатко играње на најнови 3D игри и непречено уживање во HD сликите и видео содржините.
Елегантно, ултра тенко метално куќиште
Компактното метално куќиште со профил од само 7.1mm целосно е изработено од алуминиум-титаниумска легура. Благодарејќи на технологијата на најфиното песочно полирање, Tesla Smartphone 9 е гладок на допир, а издржлив при работа. Препознатлив по елегантните облини и закривениот екран, овој уред е комфорен за користење, и секако, атрактивен за покажување.
- CNC
- Anodizing
- Nano Injection





Доверба и безбедност
Водечката светска технологија за fingerprint ID овозможува ултра брза и целосна сигурносна идентификација. По лесно притискање на сензорот на Tesla Smartphone-от 9, вашиот отпечаток ќе го активира и отклучи телефонот за само 0,2 секунди. Сензорот го регистрира отпечатокот во опсег на допир од 3600, а со процент на точност од дури 99,8%.
- Брзина за сензор 0.2s
- Точност за сензор 99.8%

И глатко и комотно
Работната меморија од 3GB функционира во совршен склад со осмојадрениот процесор, глатко и без прекини. Нема повеќе бескрајни, заморни вчитувања,а непреченото играње и ефикасната работа во разни програми станува пријатно секојдневие – исто како и комотното складирање на фотографии, видео клипови и музика на широките 32GB простор за вашите податоци.
- 3 GB RAM
- 32 GB простор за податоци