СЛИКАТА ЗБОРУВА ПОВЕЌЕ
ОД ИЛЈАДА ЗБОРОВИ

Tesla Smartphone 9.1 е елегантен и заоблен на аглите, но сликата која ја испорачува е многу остра благодарејќи на LTPS екранот од 5,5 инчи и резолуцијата од 1080p. Низ неверојатно раскошните бои, MiraVision технологијата за автоматско подесување на контрастот, GFF Full Lamination решението за исклучителна видливост и на јака светлина и Eye Protection опцијата која го намалува заморот на очите, Tesla Smartphone 9.1 нуди импресивен приказ каде и да се наоѓате.

  • 5.5” FULL HD   
  •    GFF FULL LAMINATION

ДОКОЛКУ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
ФОТОГРАФИЈАТА

Двете задни камери од 13 и 2MP ви нудат напредни функции кои до сега беа резервирани само за сопствениците на професионални фотоапарати. Со револуционерната Dual cameras технологија, сега можете да снимите две позиции на истата сцена при што по ваш избор ќе биде изоштрен објектот во фокусот, а остатокот длабински замаглен – за професионален резултат без многу труд. Снимајте неверојатни глетки со помош на различните модови и драматично зголемете го квалитетот на фотографиите со напредниот сензор и, секако, снимете исклучителни селфи слики со предната камера од 8MP.

  • DUAL CAMERA
  • SONY IMX 214

БИТНО Е КОЛКУ БИТИ СЕ

Tesla Smartphone-от 9.1 го стартува 64-битен процесор со 8 јадра. CorePilot технологијата обезбедува беспрекорна изведба на мултимедијалните содржини кои побаруваат големи графички ресурси додека во исто време ја одржуваат ефикасноста на батеријата, како што и се очекува од врвен уред. И тоа не е сѐ, бидејќи Mali T860 GPU поддршката обезбедува глатко играње на најновите 3D игри и непречено уживање во Full HD сликите и видео материјалите.

  • COREPILOT    
  •     MT6750 OCTA-CORE

ПОВЕЌЕ RAM,
ПОМАЛКУ ДРАМА

Работната меморија ви е важна доколку сакате работа без „кочење” и застој, а 4GB RAM работи во совршена хармонија со осумјадрениот процесор. Нема повеќе бескрајни заморни вчитувања, а непреченото играње и ефикасната работа во разните програми стануваат пријатно секојдневие. Исто како и комотното складирање на фотографии, видео клипови и музика на големиот простор od 64GB за вашите податоци.

  1. 4GB RAM
  2. 64 GB Storage

И БЕЗБЕДНОСТА
ВИ Е ВАЖНА

Водечката светска fingerprint ID технологија овозможува ултрабрза и целосна сигурносна идентификација. По лесното притискање на сензорот на Tesla Smartphone-от 9.1, вашиот отпечаток ќе го активира и отклучи телефонот за само 0,3 секунди. Сензорот го регистрира отпечатокот во опсег на допир од 3600, а истото копче е мултифункциско и овозможува преглед на моментално достапните апликации и лесна навигација – како што се враќање во главното мени или враќање чекор назад.

  1. 0.3s FINGERPRINT  
  2.  360° SENSOR

QUICK CHARGE ВЕ СПАСУВА

Можноста за истовремена работа со повеќе апликации, гледање на филмови и други „напорни” активности значително ја зголемуваат потрошувачката на батеријата. Иако батеријата од 3.000 mAh има дури 50% подолга автономија од претходните верзии на уредот, Quick Charge технологијата обезбедува ултрабрзо полнење тогаш кога ви е највеќе потребно - бидејќи за еден час Tesla Smartphone 9.1 веќе ќе достигне до 50% од својот капацитет.

ЗОШТО 4G И 2 SIM КАРТИЧКИ?

Со поддршката за 2G/3G/4G врска на двете SIM картички ќе имате побрз пристап до интернет, поголеми брзини на пренос на податоци и подобра покриеност со сигнал. Исклучително добрата 4G поддршка овозможува квалитетен сигнал, подобра соработка со истите мрежи во странство, како и пристап на новите технологии таму каде што се достапни. Освен тоа, двете SIM картички ви помагаат да ги одделите приватниот и деловниот живот или да заштедите на разните мобилни пакети.

И УШТЕ МНОГУ МОМЕНТИ
КОИ ВИ ДАВААТ
ПРЕДНОСТ

Со елегантното алуминиумско куќиште со профил од само 7.08 mm и предна страна целосно покриена со стакло, Tesla Smartphone-от 9.1 е комфорен за користење и атрактивен за покажување каде и да сте. А во случај да тргнете на патување, врвниот GPS и Glonass глобален систем за позиционирање брзо и прецизно ќе ве однесат до дестинацијата. Во меѓувреме, нотификациската LED светилка ќе ве известува за пропуштените повици и пораки, ноќниот режим на работа ќе овозможи читање кое не ги заморува очите, а напредната антена овозможува подобар прием на сигнал и исклучитечно стабилна врска.

  1. 7,08 mm
  2. ALL-GLASS FRONT

icon

Tехнички спецификации

icon

Упатство за kористење